-
Создадено: Среда, 18 Ноември 2020
Во рамките на Жан Моне проектот за вмрежување „Системи на политики за миграција и азил“ (МАПС), предводен од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ учествува како партнер инситуција.
Во рамките на Жан Моне проектот за вмрежување „Системи на политики за миграција и азил“ (МАПС), предводен од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ учествува како партнер инситуција, на 16.11.2020 г. се одржа меѓународна конференција на Европскиот универзитет „Виадрина“ во Франкфур со наслов “5 Years Refugee Crisis“ (5 години од бегалската криза), во организација на проф. Јенц Лович (Jens Lowitzsch). Трудовите презентирани на конференцијата говореа за системот на миграција и азил во Германија како и за пресекот на сегашната ситуација, статусот не непридружувани малолетници но и за социјалните аспекти поврзани со интеграцијата на бегалците и на мигрантите во општествата.
Во овие рамки, како претставници и стејкхолдери од пошироката мрежа на МАПС проектот за УГД, учествуваа Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација ЛЕГИС и Зоран Дранговски од Македонската асоцијација на млади правници. Темите со кои се приклучија кон дебатата беа „Белгаците за време на КОВИД – 19“ и „Балканската рута – 5 години подоцна“. Презентациите побудија особен интерес кај учесниците заради актуелноста на третираните прашања.
Тука може да ја погледнете агендата на конференцијата.