-
Создадено: Среда, 25 Ноември 2020
На 24.11.2020, се одржа информативната кампања за Жан Моне Проектот под наслов „ ЕУ е- здравствено право и Северна Македонија: Од практика до имплементација ( EUEHL).
Настанот го отвори проректорот за настава и студенти проф. Мишко Џидров. На настанот земаа учество професори при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип (Вон. проф. Д-р Кристина Мишева од Правниот факултет, Вон. проф. Д-р Марија Амповска од Правниот факултет, Вон. проф. Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки, Доцент д-р Андреј Петров од Факултетот за медицински науки) кои се членови на проектниот тим, како и гости професори од Правниот факултет во Загреб, Р Хрватска ( проф. Ирис Голднер Ланг) и Правниот факултет, Карлов Универзитет, Р. Чешка ( проф. Петр Шуштек, Проф. Јосеф Салач и д-р Мартин Шолц). На настанот земаа учество околу 200 учесници ( студенти од прв и втор циклус на студии, колеги и лица од пракса).