-
Создадено: Четврток, 03 Декември 2020
SAVE THE DATE: Меѓународна конференција на тема Conflicting Responses to Refugees and Migrants in Covid-19 Europe - Vulnerability, Hostility and the Prospects of the New Pact on Migration and Asylum, 11.12.2020, 09.00 часот (online).
На 11.12.2020 (петок) со почеток во 09.00 часот ќе се одржи меѓународната конференција на тема Conflicting Responses to Refugees and Migrants in Covid-19 Europe - Vulnerability, Hostility and the Prospects of the New Pact on Migration and Asylum, преку онлајн платформа.
Конференцијата е во организација на Универзитетот Queen Mary од Лондон, проф. Виолета Морено Лакс (Violeta Moreno Lax) и Ниови Вавула (Niovi Vavoula), во рамките на Жане Моне проектот за вмрежување за миграција и азил (МАПС), во кој учествува Правениот факултет – УГД како партнер институција.
Целта на конференцијата е да се даде еден критички осврт на правните решенија што се применуваат кон мигрантите и барателите на азил во ера на пандемија на Ковид – 19. Конкретно ќе се истражува конфликтната улога на правото, кое претставува извор на заштита на мигрантите и барателите на азил, но истовремено предизвикува неповолни услови за нив, скратувајќи им ги основните човекови права и доведувајќи ги во ранлива позиција. Конференцијата ќе се одвива во три тематски панели и една тркалезна маса на која што ќе учествуваат експерти од областа на коишто ќе се дискутира уникатната позиција на мигрантите и барателите на азил за време на вонредна состојба на Ковид – 19, како и за ризиците и можностите што ги нуди Новиот пакт за миграција и азил на Европската унија.
На конференцијата ќе зборуваат Elspeth Guild (QMUL/Nijmegen); Madeline Garlick (UNHCR); Tineke Strik (European Parliament); Valsamis Mitsilegas (QMUL); Maria Gavouneli (Athens); Vincent Chetail (GIIDS, Geneva); Lilian Tsourdi (Maastricht); Francesca Ippolito (Cagliari); Giuseppe Cataldi (“L’Orientale” Naples) и други. Од Правен факултет, Унвиерзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе земат учество Олга Кошевалиска (Olga Koshevaliska) и Елена Максимова (Elena Maksimova).
ДАТУМ: 11 Декември 2020, од 9.00 до 16.00 часот, ONLINE Настан.