Во рамки на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ на 25 септември (понеделник) се одржа работилница за правна клиника со 15 студенти и деканот проф. д-р Јован Ананиев од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Целта на работилницата беше да им обезбеди на студентите повеќе информации за концептот и улогата на правната клиника во рамки на проектот, кршење на човековите права и дискриминација, правна помош и стратешки судски постапки, како и за функционирањето на правната клиника и практични информации.

Студентите во правната клиника ќе бидат поврзани со 6 виртуелни советодавни центри и ромските медијатори и ќе имаат можност директно да работат со засегнатите заедници и реални случаи на дискриминација, обезбедувајќи им практично искуство од прва рака. Работата на клиниката ќе биде поддржана од правниот тим на Меѓународната група за малцински права (MRG- London) и про-боно група, давајќи им можност на студентите да работат и со локални и со меѓународни правници. Клиниката ќе функционира како мобилна правна клиника. Во координација со ромските медијатори, студентите од правната клиника придружени од нивниот професор по право ќе ги посетуваат ромските заедници за да им помогнат да се справат со дискриминацијата и повредите на економските, социјалните и културните права нудејќи им правни совети за нивните случаи.

Студентите ќе бидат ангажирани во анализа на случаите, правни истражувања и идентификација на релевантното законодавство и можни правни лекови. Тие, исто така, ќе ги идентификуваат празнините во случаите (на пр. недостиг на докази, недостаток на информации и сл.), а потоа про-боно адвокатите ќе можат да најдат решенија за проблемите.
Правната клиника во рамките на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип ќе работи за општините Берово, Виница и Штип, додека, пак, Правната клиника во рамките на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово ќе работи во општините Дебар, Кичево и Тетово.

Главната цел на проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ е да се поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивниот живот со цел да влијаат врз креирањето на политиките за да придонесуваат кон намалување на дискриминацијата со која се соочуваат. Специфична цел на проектот е зајакнување на капацитетите и партнерство преку консултации и соработка меѓу ромските медијатори, граѓански организации, правната заедница и властите на локално и национално ниво, за да можат поефикасно да работат заедно за да ја решат дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.  Проектот се имплементира во следниве шест општини: Тетово, Кичево, Дебар, Штип, Виница и Берово. Временската рамка за реализација на проектот е од февруари 2017 до јануари 2020 година, кој финансиски е поддржан од Европската Унија, а се имплементира од страна на АДРР „Сонце“ - Тетово во партнерство со Групата за малцински права - Лондон.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.