-
Создадено: Понеделник, 26 Април 2021
Доцент д-р Елена Максимова од Правниот факултет, УГД – Штип во петок (23.04.2021) со почеток во 15.00 часот, во рамките на Модулот „Жан Моне“ за соработка помеѓу ЕУ и Западен Балкан во делот на правда и внатрешни работи, ќе предава на тема „Трговија со луѓе: сајбер регрутирање – сериозен ризик за сајбер безбедноста на мигрантите во Република Северна Македонија “.
Во серијата на предавања на тема Сајбер контрола на мигрантските приливи, борба против транснационалиот криминал и заштита на ранливи лица, ќе говорат Леонардо Борлини (Leonardo Borlini), професор по меѓународно право на Универзитетот „Луиџи Бокони“ од Милано; Ивана Бодрожич, професор по кривично право на Криминалистичко-полицискиот универзитет во Белград; Ерси Божеку (Ersi Bozheku), професор по кривично право на Државниот универзитет во Тирана; Џовани Франческо Фјоре (Giovanni Francesco Fiore), судија при Судот за малолетници во Салерно; Росана Паладино (Rossana Palladino), професор по Право на ЕУ на Универзитетот во Салерно; Амарилда Личи (Amarilda Lici), правник во Здружението за правни студии за имиграција (Associazione per gli studi giuridici sull’immigrazione) од Италија; Клаудија Пекораро (Claudia Pecoraro), координатор на невладината оргнизација “Avvocato di Strada ONLUS) од Италија; Флоринда Мирабиле (Florinda Mirabile), национален координатор на Салернитанскиот коитет на Италијанската федерација за човекови права (Federazione italiana Diritti Umani). Исто така ќе говорат и професорите Тереза Русо (Teresa Russo), координатор на Жан Моне модулот од Универзитетот во Салерно, Ана Ориоло (Anna Oriolo), професор по меѓународно право на Универзитетот во Салерно и Гаспаре Далиа (Gaspare Dalia), професор по казнено право на Универзитетот во Салерно.
Oва е седмо од серијата на предавања кои се предвидени да се одржат во втората едиција на Модулот „Жан Моне“ - ЕУ и Западен Балкан, соработка во правда и внатрешни работи“, во кој Правниот факултет учествува како партнер институција.