-
Создадено: Петок, 30 Април 2021
Денес студентите од трета и четврта година на Правниот факултет при УГД присуствуваа на предавање кое го реализираа претставници од Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials).
На настанот беа презентирани клучните наоди до кои е дојдено при мониторингот на судските кривични постапки во државата во 2020 година, а воедно беа анализирани недоследностите и предизвиците со кои се соочува судскиот систем при практичната примена на ЗКП.
Настанот поттикна сериозна дискусија меѓу присутните, што само ја потврди потребата од перманентното мониторирање на праксата, со цел нејзино анализирање и унапредување.
Огромна благодарност до предавачите и извршната директорка на Коалицијата за професионалноста и покажаниот интерес за соработка, како и до сите присутни на настанот.
Студентите покажаа особен интерес за темата, искуствата на предавачите и нивните мислења што остава простор за непосредна идна повторна средба.