Проф. Јасмина Димитриева, професор по уставно право од Правниот факултет, УГД – Штип и д-р Симонида Кацарска, директор на Институтот за Европска политика во Скопје и соработник на Правениот факултет во рамките на ЕУВЕБ проектот, во четврто (13.05.2021) со почеток во 15.00 часот, во рамките на Модулот Жан Моне за соработка помеѓу ЕУ и Западен Балкан во делот на правда и внатрешни работи, ќе предаваат на тема „Европските инструменти за поддршка на слободни и транспарентни избори во земјите од Запден Балкан“ (Јасмина Димитриева) и „Европеизација на (Северна) Македонија. Кое е значењето на фундаменталните права?“ (Симонида Кацарска). 

Во серијата на предавања на тема Промоција и заштита на владеењето на правото во пристапните држави и земјите членки на ЕУ, ќе земат учествто предавачите: Николета Паризи (Nicoletta Parisi), професор по меѓународно право од Католичкиот универзитет во Милано “Sacro Cuore”; Ниутон Мулети (Niuton Mulleti), професор по меѓународни односи при ЕПОКА Универзитетот во Тирана; Ерјон Хитај (Erjon Hitaj), професор по меѓународо право на Унивезитетот во Валона „Исмаил Кемаил“; и Марина Матич Бошкович, истражувач по кривично право при Институт за криминолошки и социолошки истражувања во Белград. Исто така ќе говорат и професорите Тереза Русо (Teresa Russo), координатор на Жан Моне модулот од Универзитетот во Салерно, Ана Ориоло (Anna Oriolo), професор по меѓународно право на Универзитетот во Салерно и Гаспаре Далиа (Gaspare Dalia), професор по казнено право на Универзитетот во Салерно. 

Oва е десеттото од серијата на предавања кои се предвидени да се одржат во втората едиција на Жан Моне Модулот „ЕУ и Западен Балкан, соработка во правда и внатрешни работи“, во кој Правниот факултет учествува како партнер институција.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.