Проф. Методи Хаџи Јаев, професор по меѓународно право при Воената Академија во Скопје – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ќе биде еден од спикерите – претставник од Правниот факултет, УГД, кој на 23.06.2021 со почеток во 14.30 часот, преку платофромата Микрософт теамс, ќе говори на завршната конференција на Модулот Жан Моне за „ЕУ и Западен Балкан, соработка во правда и внатрешни работи“.

Модулот е предводен од Унвиерзитетот во Салерно во соработка со Правниот факултет – УГД и Универзитетот во Валона, како партнер институции. Со завршната конференција всушност се затвораат серијалот на предавања кои беа организирани како високоспецијализирани курсеви, наменети за постипломци, докторанти, адвокати, судии, практичари и слично, во чија изведба учествуваа претставници и соработници на Правниот факултет.

Денешната конференција ќе ја отворат Винченцо Лоја (Vincenzo Loia), Ректор на Универзитетот во Салерно; Џовани Шанкалпоре (Giovanni Sciancalepore), Раководител на Катедрата за правни науки при Унивезитетот во Салерно; Франческо Фазолино (Francesco Fasolino), претседател на дидактичкиот совет при Катедрата за правни науки при Универзитетот во Салерно; Анџела Ди Стази (Angela Di Stasi), редовен професор по меѓународно право при Универзитетот во Салерно.

Конференцијата ќе биде поделена на три панели. Во првиот панел насловен Прекугранична соработка во делот на управување со миграции и азил ќе говорат Лина Панела (Lina Panella), професор по меѓународно право на Универзитетот во Месина; Тереза Русо, професор по меѓународни организации и раководител на модулот Жан Моне при Универзитетот во Салерно; Кристина Кореале (Cristina Correale), судија при Одделот за миграција и азил во Судот во Неапол; Кристофер Хеин (Christopher Hein), предавач по имиграциско и право на азил и политики при Универзитетот „Луис Гуидо Карли“ од Рим.

Во вториот панел насловен Борба против транснационалниот криминал и заштита на фундаменталните права ќе учествуаат Луиџи Даниеле (Luigi Daniele), професор по право на ЕУ при Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим; Ана Ориоло, професор по меѓународно право и клучен предавач на Модулот Жан Моне при Универзитетот во Салерно; Угљеша Уги Звекич (Uglješa Ugi Zvekić), Амбасадор, Раководител на Перманентната опсерваторска мисија на Европската организација за јавно право при Обединетите нации; Методи Хаџи Јанев, професор по меѓународно право на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, придружна членка на УГД – Штип.

Во третиот панел насловен Полициска и судска соработка ќе учествуваат Лоренцо Салазар (Lorenzo Salazar), заменик јавен обвинител при Апелациониот суд во Неапол; Гаспаре Далиа (Gaspare Dalia), професор по казнено право и клучен предавач на Модулот Жан Моне при Универзитетот во Салерно; Фулвио Балди (Fulvio Baldi), Заемник Главен правозастапник на Републиката при Италијанскиот Касациски суд; Никола Шаранович (Nikola Šaranović), поранешен генерален директор за меѓународна соработка при Министерството за правда на Црна Гора.  

Досега во рамките на предавањата на Модулот Жан Моне „ЕУ и Западен Балкан, соработка во правда и внатрешни работи“, учествуваа проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска, доц. д-р Елена Максимова, проф. д-р Жанета Попоска, проф. д-р Јасмина Димитриева, проф. д-р Методи Хаџи Јанев, Зоран Дранговски од Здружение на млади правници, Мерсиха Смалиовиќ од НВО Легис и д-р Симонида Кацарска од Институт за европска политика.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.