-
Создадено: Петок, 10 Септември 2021
Од 2-3 септемвеи 2021 на Правниот факултет се одржа осмата по ред меѓународна научна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет, во организација на Правниот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип.
Оваа година конференцијата се одржа преку хибридниот модел на работа. Конференција ја организираме на три јазици: македонски, англиски и руски јазик, вклучувајќи 5 различни работни тематски сесии, и тоа:
- правна сесија, со работен јазик македонски;
- сесија на која ќе се дискутира за правни и политички прашања на руски јазик;
- мултидисциплинарна сесија на англиски јазик;
- мултидисциплинарна сесија на македонски јазик и
- сесија за млади истражувачи на македонски јазик.
Учествуваа околу 90 истражувачите и стручните лица од областа на правото, политиката, хуманистичките науки, медиумите и комуникациите, како на национално, така и на меѓународно ниво.
Конференцијата ја отвори Проректорот за настава на Универзитет “Гоце Делчев” Штип, проф.д-р Мишко Џидров. Поздравнo обраќањe имаше Деканот на Правен факултет, проф.д-р Олга Кошевалиска.
На пленарната сесија како клучни излагачи учествуваа:
Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ кој зборувше на тема: Дигитализација на судството. Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија проф.д-р Наташа Габер – Дамјановска која зборуваше на тема: Предизвиците на Академијата за судии и јавни обвинители во услови на Ковид-19 и Деканот на Правен факултет, Универзитет во Ниш Србија проф.д-р Горан Обрадовиќ кој зборуваше на тема:Влијанието на Ковид-19 врз работните односи во Република Србија.
Организацискиот одбор на конференцијата го чинат претставници од наставниот кадар на факултетот: доцент д-р Милица Шутова, доцент д-р Јорданка Галева и асс.м-р Наташа Донева.