Меѓународна конференција

„Истражувањето во служба на правната комплексност и технолошкиот напредок“

29.09.2021, MS Teams

На 29 септември со почеток во 9.00 часот, на платформата MS Teams на Универзитеот на Кампанија „Луиџи Ванвители“ од Казерта, ќе се одржи конференцијата насловена „Истражувањето во служба на правната комплексност и технолошкиот напредок“ (La ricerca al servizio della complessità giuridica e dell’innovazione tecnologica). На конференцијата ќе бидат презентирани резулатите од истражувањата во рамките на проектите AI.CO.CRI. 5.0, координиран од Федерика Де Симоне (Federica De Simone) и HUMARCYSPASE, координиран од Џорџа Бевилаква (Giorgia Bevilacqua), Универизитет на Кампанија „Луиџи Ванвители“(Università della Campania ‘Luigi Vanvitelli’) и финансиран од програмата VALERE 2020, во рамките на кој Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се јавува како партнер институција, преку соработниците проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска и доц. д-р Елена Максимова.

Во рамките на конференцијата поздравни говори ќе земат Ректорот на Универзитетот „Луиџи Ванвители“ од Казерта; Џовани Франческо Николети (Giovanni Francesco Nicoletti); директорот на Катедрата за правни студии Лоренцо Киефи (Lorenzo Chieffi), координаторот на докторските студии за интернационализација на правните системи и човекови права – Клаудио де Фјорес (Claudio De Fiores); и деканката на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Олга Кошевалиска.

Меѓу говорниците на конференцијата ќе бидат Франческо Скетино (Francesco Schettino) и Микеле Мастројани (Michele Mastroianni), професор по статистика и професор по информатички инженеринг при Универзитетот „Луиџи Ванвители“ од Казерта, коишто ќе ги претстават индикаторите за човечка безбедност во пловните простори (поморскито и сајбер просторот), и при тоа ќе ги отворат интердисциплинарните сесии на конференцијата во кои ќе учествуваат академски претставници, истражувачи и експерти од праксата.  Во делот на поморското право и човечката безбедност на море, ќе говорат Елена Гуалко (Elena Gualco), од University Bedfordshire; Фулвио Васало Палеолог (Fulvio Vassallo Paleologo) од Associazione Diritti e Frontiere; Ана Никодиновска Крстевска од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип; и Карло Корчоне Дамато (Carlo Corcione D’Amato) од Shipowners Group. Со сесијата ќе претседава Џузепе Каталди (Giuseppe Cataldi) од Unviersità degli studi di Napoli ‘Orientale’ и ќе дискутира Џема Андреоне (Gemma Andreone) од Националниот истражувачки совет од Италија. Во сесијата посветена на човечката безбедност во сајбер просторот ќе говорат Олга Кошевалиска од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Roberta Catalano од Università della Campania ‘Luigi Vanvitelli’; Марија Луиза Стази (Maria Luisa Stasi) од Tilburg University; и со сесијата ќе претседава Емилио Тучи (Emilio Tucci) од Università della Campania ‘Luigi Vanvitelli’ и ќе дискутира Клаудија Чинели (Claudia Cinelli) од Универзитеот во Пиза (Università di Pisa).

Во делот од конференцијата посветен на новите техонологии и на кривичното право, ќе говорат Виторио Манес (Vittorio Manes) од Università degli Studi Alma Mater di Bologna; Серена Кватроколо (Serena Quattrocolo) од Università del Piemonte Orientale; Алберто Капелини (Alberto Cappellini) од Судот во Фиренца (Tribunale di Firenze); и Андреана Еспозито (Andreana Esposito) од Università degli Studi della Campania Luigi Vanvitelli. Со сесијата ќе претседава Џулиано Балби (Giuliano Balbi) од Università degli Studi della Campania Luigi Vanvitelli, и заклучоците ќе бидат изведени од Стефано Манакорда (Università degli Studi della Campania Luigi Vanvitelli).   

Конференцијата може да се следи со пријава на учество на следната адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.