-
Создадено: Петок, 24 Септември 2021
Во рамките на проектот МАПС, вчера се одржа Меѓународната конференција од областа на миграцијата и азилот насловена како „Outsourcing and Cooperation with Third Countries – Deconstructing the Formal and the Informal in Migration and Asylum Policies“.
Конференцијата jа отворија проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров, амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри, и претставникот на УНХЦР за Република Северна Македонија, Моника Сандри.
- Универзитетите се исклучително важни за овие прашања кои се актуелни овој период. Нивниот придонес може да биде многу значаен во насока на истражувањата и теориите кои можат да се постават за миграциите. Ова е прва конкретна соработка, но се надеваме дека во иднина ќе имаме повеќе заеднички соработки - изјави Моника Сандри од УНХЦР.
На конференцијата се дискутираа прашања поврзани со екстернализација и меѓународна соработка со трети земји во делот на миграцијата и азилот, разгледани низ призмата на академското и теориското истражување, како и низ призмата на праксата и чинителите, директно поврзани со теренската работа.
Од Правен факултет учествуваа проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска, доц. д-р Елена Максимова, доц. д-р Милица Шутова и проф. д-р Жанета Попоска.
Исто така, на конференцијата беше прикажана изложба на дела и на постери од студентите на Ликовната академија при УГД – Штип под раководство на проф. д-р Јана Јакимовска, но и на други ликовни уметници кои соработувале со невладини партнери, и беше прикажан студентски новинарски текст за ситуацијата во Авганистан од страна на студентката Ивана Митева од студиската програма Новинарство.
- На конференцијата ќе учествуваат и колеги од нашите партнерски универзитети и тоа: Violeta Moreno – Lax од Queen Mary University of London; Lilian Haquin Saenz, Ester del Nonno и Mehtap Kurguysuz Akbay од University Jean Mounlin Lyon 3; Gemma Andreone од National Research Council, ISGI – Rome; Maria Gavouneli од National & Kapodistrian University of Athens; Maja Savic Bojanič од Sarajevo School of Science and Technology; Александар Димовски, специјалист и тренер за човекови права; Gabriela Oanta од University of „A Coruña“; Cristina Bunea од УНХЦР во Република Северна Македонија; Ирена Здравкова од Здружение на млади правници; Вања Лазаридис од ИОМ – Скопје; Мерсиха Смаиловиќ од НВО Легис и Giuseppe Cataldi од University of Naples „Orientale“ - изјави проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.
Конференцијата се одржа хибридно, односно дел од учесниците беа онлајн, а дел со физичко присуство во просториите на судницата на Правниот факултет во Штип. Во продолжение изјавите од претставничките на УНХЦР и на УГД.