-
Создадено: Среда, 01 Декември 2021
Студентите од Правниот факутет денес имаа можност да бидат дел од настан поддржан од страна на НАТО: "Building Online Resilient Communities to Disinformation Propaganda with a Focus on Gender Mainstreaming and Hybrid Threats via Cyberspace", а во партнерство со Правниот факултет од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) и локални граѓански организации од Штип, Струга и Свети Николе.
Од 01.11-28.12.2021 година ќе се организираат серија настани под наслов „Сајбер Безбедност, корпоративна безбедност и иницијатива за управување со кризи“.
Настанот го водеше проф.д-р Методи Хаџи-Јанев, а поздравен збор дадоа Деканката на Правен факултет, проф.д-р Олга Кошевалиска, Градоначалникот на Општина Штип, м-р Иван Јорданов, Градоначалникот на Општина Свети Николе м-р Дејан Владев, Деканот на Воена Академија, д-р Митко Богданоски и како претставник од медиумите д-р Благој Серсемов, сопственик на телевизија М - Нет.
Галерија