-
Создадено: Понеделник, 06 Декември 2021
Почитувани студенти,
Со цел подобро запознавање со начинот на извршување на затворската казна, Казнено правната катедра при Правниот факултет, УГД, организира предавање од страна на господин Мавроди Карпичаров, вработен во КПД Штип, на 7 декември 2021 година, на тема:
„Затворската казна во КПД Штип - од теоретска уреденост до практични предизвици“, со посебен осврт на постапката за ресоцијализација на затвореници.
Предавањето ќе се реализира во Судницата на Правен факултет, со можност за следење на истото online преку Microsoft Teams.