-
Создадено: Петок, 28 Јануари 2022
Автори/Уредници:
Ана Никодиновска Крстевска и Олга Кошевалиска
Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
Центар за анализа на право и политики,
Правен факултет
Година: 2021
ISBN 978-608-244-862-6
Краток приказ:
Електронската публикација Миграција и азил: национална, меѓународна и европска рамка е втора публикација во рамките на проектот Жан Моне за вмрежување „Системи на политики за миграција и азил – МАПС“ (Migration and Asylum Policies Systems – MAPS), во кој Правниот факултет при УГД учествува како парнтер институција.
Публикацијата преставува збирка од академски и експертски трудови од областа на миграцијата и азилот опишани низ призмата на националната, меѓународната и европската законодавна рамка. Тие се резултат на дел од предавањата коишто ги подготвија авторите во рамките на проектот МАПС во текот на 2020 г. Во публикацијата учествуваат седум автори кои поттекнуваат од академската сфера, но и од сферата на практичарите. Тоа се Олга Кошевалиска, Елена Максимова, Жанета Попоска, Милица Шутова, Александар Димовски, Светлана Јакимовска и Ирена Здравкова. Тие обработуваат различни теми, движејќи се од Европска мигрантска криза и репрекусиите врз човековите права и слободи, зашитата на бегалците и бегалките низ призмата на Европската конвенција за човекови права и на правото на Европската унија, процедуралните гаранции за забрана од протерување на странци пропишани во европското законодавство, системот на азил согласно македонското право, па сè до разработка на значењето на јазикот, писменоста и образованието за целосна интеграција на мигрантите и нивно активно граѓанство.
Заради важноста што се придава на уметноста, како еден поразличен начин на изразување на реалноста и на општественото опкружување, во соработка со професорката Јана Јакимовска од Ликованата академија при УГД, како и во соработка со Македонското здружение на млади правници, во рамките на оваа публикација повторно се објавува Каталогот насловен „Фемиграции“ – уметност за бегалците, којшто претходно бил објавен во 2018 година, како резултат на изложбата ФЕМИГРАЦИИ, подготвена во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите, имплементиран од Македонското здружение на млади правници во периодот 2016-2019 година. Уметничките дела кои се репродуцирани во публикацијата, говорат за жената како централен фокус на миграцискиот феномен, и го прикажуваат нејзиниот лик како низ историјата така низ современоста, осврнувајќи се на нејзините најразлични општествени улоги. Во публикацијата се репордуцирани делата на вкупно 21 уметници односно: Елизабета Аврамовска, Маргарита Киселичка, Јана Манева Чупоска, Славица Јанешлиева, Гордана Вренцоска, Марија Ветеровска, Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Христина Зафировска, Ана Лазаревска, Михаела Јовановска, Шќипе Мехмети, Јана Јакимовска, Наташа Кубуровска, Ана Миланова, Кристина Божурска, Весна Аранѓеловиќ, Љуљзиме Османи, Ирина Ацеска, Ангела Наневска и Агнеса Чаволи.