-
Создадено: Вторник, 08 Февруари 2022
На 28 јануари 2022 г., со почеток во 09.00 часот, на Универзитетот во Инсбрук (Австрија), се одржа меѓународната конференција на тема „Teaching Migration and Asylum Law and Policy“, во организација проф. Петер Хилполд (Peter Hilpold) во рамките на проектот Жан Моне за Системи на политики за миграција и азил – МАПС, во кој Правниот факултет, УГД учествува како партнер институција.
На конференцијата се дискутираше за важноста и значењето за предавање за правото на азил и за политиките на миграција на универзитетите ширум светот. Беа опфатени различни пристапи на предавање односно низ призмата на бегалското право, меѓународното право за правото на морето, кривичното право, социологијата и социолошките сфаќања, применетите науки, беа прикажани методи и техники за симулирање на судење пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург, како и беа разменети добри пракси и искуства во предавање на правото на азил и политики на миграција од различните претставници на партнерските универзитетит вклучени во Жан Моне проектот „МАПС“.
На конференецијата земаа учество Петер Хилполд (Peter Hilpold), професор по меѓународно право за правото на бегалците од Универзитетот во Инсбрук; Џузепе Каталди (Giuseppe Cataldi), професор по меѓународно право на Универзитетот во Неапол „Ориентале“; Берхнард Фугеншу (Bernhard Fügenschuh), заменик ректор за настава и студенти при Универзитетот во Инсбрук; Паскуале де Сена (Pasquale de Sena), професор по меѓународно право на Универзитетот во Палермо и претседател на Италијанското здружени за меѓународно право СИДИ – ИСИЛ (Società Italiana di Diritto Internazionale e di Diritto dell´Unione Europea); Јулија Мурау Пермозер (Julia Mourão Permoser), истражувач на постдокторски студии при Катедрата за политички науки на Универзитетот во Инсбрук; Паоло Руспини (Paolo Ruspini), професор по социлошки науки на Универзитетот Rоma Tre во Рим; Габриела Оанта (Gabriela A. Oanta), професор по Право на ЕУ од Универзитеот во А Коруња; Вилијам Томас Ворстер (William Thomas Worster), професор на Хашкиот Универзитет за применети науки; Кјара Нери (Kiara Neri), Лаура Летурну (Laura Letournex), и Лилиана Хакин Саенз (Liliana Haquin Saenz), професорки од Универзитетот Жан Мулен 3 од Лион; Лиза Хешл (Lisa Heschl), професорка на Универзитето во Граз; и Маргозата Бишаник (Margozata Biszczanik), професор на Универзитетот во Варшау. Како претставници од Правниот факултет, УГД – Штип, учествуваа проф. Ана Никодиновска Крстевска, проф. Олга Кошевалиска и доц. Елена Максимова.