На 10 март 2022 г., започна третиот циклус на предавања во рамките на Жан Моне модулот за Соработка помеѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан во делот на правдата и внатрешните работи, предводен од Универзитетот во Салерно, под лидерство на проф. Тереза Русо, во рамките на кој Правниот факултет, УГД – Штип учествува како партнер институција под раководство на проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, и во соработка со проф. д-р Олга Кошевалиска и доц. д-р Елена Максимова.

Целта на модулот е да ги доближи до студентите од прв, втор и трет циклус, но и до разните практичари и експерти, темите поврзани со импликациите на Европското право од областа на управување со миграциите и азилот, борба против транснационалниот организиран криминал, полициска и судска соработка и обезбедување на простор на слобода и безбедност, врз разните национални системи на земјите од Западен Балкан кои се наоѓаат во различни фази на процесот на европската интеграција.

Предавањата се организирани преку циклусни дводневни конференции коишто ќе се одржуваат до крајот на мај, како со физичко присуство на Универзитетот во Салерно, така и преку онлајн платформата на Микрософт Тимс. Конференцијата на 10 март, стави акцент на прашањата поврзани со правата на мигрантите, остварување на правото на азил и разните предизвици на внатрешната и надворешната безбедност на Европската Унија генерирани од зголемениот број на транснационални криминални дејствија, на која земаа учество еминентни професори и научни истражувачи од разни универзитети од Италија но и од земјите партнери на проектот. Што се однесува до настанот од 11 март, покрај предивдените учесници од научната и академската сфера, во рамките на тркалезна маса се обратија високи политички претставници на земјите од Западен Балкан на тема „Состојбите на европската интеграција и предизвиците на земјите кандидати или потенцијални кандидати во евроинтегративните процеси“. Како претставник за Република Македонија се обрати г-дин Драган Тилев, државен советник за европски политики и интеграција во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Северна Македонија, кој говореше за новата методологија во процесот на преговори и предизвиците и недостатоците на истата. Во заклучоците од тркалезната маса се потврди уште еднаш силната определба на земјите од Балканот за европска интеграција, укажувајќи на фактот дека регионалните иницијативи како „Отворен Балкан“ се паралелни процеси кои се надополнуваат и меѓусебно се интегрираат со евроинтегративните процеси.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.