-
Создадено: Четврток, 07 Април 2022
На 13 април, со почеток од 11 часот, на Правниот факултет во Штип Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 во Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираат хибриден настан „Катедра Аденауер 2022: Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“.
Сите заинтересирани можат да се регистрираат на следниов линк.
Линкот за учество на настанот овде.
Катедра Аденауер претставува научно-образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската инвазија на Украина врз меѓународната безбедност, улогата и моќта на меѓународното право, како и финансиско-економските трендови во Европа и во светот.
Со свои излагања на настанот ќе учествуваат:
Дејан Маролов
Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Методиј Хаџи-Јанев
Професор на Воена академија - Скопје /
поранешен воен аташе во Вашингтон
Јован Андоновски
Вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Донка Марковска
Економски аналитичар
Кирил Миноски
Поранешен министер за финансии
Настанот ќе го отворат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“; Димитар Лилков, Центар за европски студии „Вилфрид Мартенс“; Иван Јорданов, градоначалник на Штип; Олга Кошевалиска, декан на Правниот факултет во Штип и Васко Наумовски, претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 кој ќе биде и модератор на панел-дискусијата.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски јазик.
Настанот ќе биде организиран со физичко присуство во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот и преку платформата Microsoft Teams.