-
Создадено: Понеделник, 18 Април 2022
На 25 март 2022 г., со почеток во 9 часот, на Универзитетот во Малта (Малта), се одржа меѓународната конференција на тема „Migration and Border Management: Challenges for Perspectives and Reforms“, во организација проф. Иван Самут (Ivan Sammut), Џовани Ѕакарони (Giovanni Zaccheroni) и Олександар Пастуков (Oleksandr Pastukhov).
Конференцијата беше организирана во рамките на проектот Жан Моне за Системи на политики за миграција и азил – МАПС, во кој Правниот факултет - УГД учествува како партнер институција.
На конференцијата се дискутираше за миграциските феномени и за управувањето со границите на Европската унија како одговор на миграциските напливи во последните години, и се говореше за предизвиците со кои се соочува Европската Унија поврзани со човековата и безбедносната димензија на миграциските движења.
На конференецијата земаа учество Иван Мифсуд (Ivan Mifsud), декан на Правниот факултет при Универизтетот во Малта; Џузепе Каталди (Giuseppe Cataldi), координатор на МАПС проектот од Универзитеот Неапо „Ориентале“; Даниела Де Боно (Daniela DeBono), Универизтет во Малта; Брајан Кампбел (Brian Campbell) од Plymouth University; Давид Замут (David Zammit) од Универзитетот во Малта; Ибтисам Садех (Ibtisam Sadegh) од Универизтетот во Малта; Катја Бјанкини (Katia Bianchini) од Макс Планк Институтот за Социјална антропологија; Маја Савич Бојанич од Сараевското школо за наука и технологија; Анџело Марлета (Angelo Marletta) од Судот на Правдата на ЕУ (директорат за библиотека); Аиша Ријаз (Ayesha Riaz) од Queen’s Mary University London; Пјетро Тезориеро (Pietro Tesoriero) од Агенцијата за азил на Европската Унија; Ефтимиос Папаставридис (Efthymios (Akis) Papastavridis), Димитра Папагеоргиу (Dimitra Papageorgiou) и Ева Ѕавала (Eva Tzavala) од Атинскиот Каподистриски универзитет; Кјара Нери (Kiara Neri) од Универзитетот Жан Мулен Лион 3; Стефан Ханиш (Stefan Hanisch) од Европскиот униврезитет на Франкфурт „Виадрина“ и Тонио Борг (Tonio Borg), професор на Универзитетот на Малта и поранешен Комесар во Европската комисија.
Од Правниот факултет, УГД – Штип говореа проф. Ана Никодиновска Крстевска, проф. Олга Кошевалиска и доц. Елена Максимова со презентација на тема „Превенција на нелегална миграција и борба против криумчарење на мигранти: пракси и политики во Македонија“.