На 31 март и 1 април 2022 г., на Универзитетот во Салерно (Италија), се одржа вториот блок на конференциски предавања во рамките на третото издание на Жан Моне модулот за соработка помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан во делот на правда и внатрешни работи (EUWEB), во раководство на професорката Тереза Русо (Teresa Russo), во кој учествува Правниот факултет како партнер институција.

На конференцијата се дискутираше за европските „граници“ и за предизвиците во делот на азилот и управувањето со миграциите во земјите од Западен Балкан, за предизвиците во процесот на апроксимација со правото на Европската унија, за азилот и меѓународната заштита, како и за нелегалната миграција и виктимизацијата на мигрантите и барателите на азил.  

Од Правниот факултет земаа учество: проф. Ана Никодиновска Крстевска која говореше за Предизвиците и недостатоците во македонскиот пристап за борба против нелегалната миграција и криумчарењето на мигранти; проф. Олга Кошевалиска зборуваше за Виктимизација на мигрантите во дигиталниот свет; и доц. Елена Максимова презентираше за Препознавање на потенцијални жртви на трговија со луѓе меѓу мигрантите во Република Северна Македонија.

На конференцијата земаа учество еминенти професори, експерти и истражувачи од Италија и од други земји меѓу кои: Џузепе Морџеzе (Giuseppe Morgese) од Универзитетот „Алдо Моро“ во Бари; Енио Триџани (Ennio Triggiani), емеритус професор на Универзитетот „Алдо Моро“ во Бари; Франческо Керубини (Francesco Cherubini) од Универзитетот ЛУИС „Гвидо Карли“ од Рим; Фабио Спиталери (Fabio Spitaleri) од Универзитетот во Трст; Моника Масари (Monica Massari) од Универзитетот во Милано; Дарио Белучо (Dario Belluccio) од Associazione di studi giuridici sull’immigrazione – ASGI);  Франческа Јерволино (Francesca Iervolinо), судија во специјализираната секција за „миграција и азил“ при Судот во Салерно и други.  

Освен тоа, во рамките на посетата на Универзитетот на Салерно, се дискутираше за досегашната соработка помеѓу двата универзитети, како и за можностите за идна соработка. Дел од патувањата на конференцијата беа поддржани од фондот ЕРАЗМУС + проекти којшто го нуди Европската Комисија преку Универзитето „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на Еразмус мобилност.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.