-
Создадено: Четврток, 21 Април 2022
2 јуни 2022, Правен факултет (хибриден настан)
Почеток 9.30 часот
Се покануваат сите заинтересирани студенти од Правниот факултет, да се пријавата за учество на семинар на тема “Концептот на одржлив развој во правото и политиките: застапеност, предизвици и перспективи“, кој ќе се одржи како хибриден настан на 2 јуни 2022, на Правниот факултет, УГД - Штип. Семинарот се организира како проектна активност во рамките на проектот „Концептот на одржлив развој низ призмата на правото и политиките“, спроведен од страна на Центарот за анализа на право и политики при Правниот факултет – УГД, и има за цел да развие дискусија за теми поврзани со концептот на одржлив развој и неговата застапеност во различните полиња на општественото делување, предизвиците со кои се соочуваат општествата при имплементација на истиот и перспективите за развој и примена на овој концепт (подоле во текстот ќе најдете краток приказ за тоа што претставува концептот на одржлив развој).
Тргнувајќи од тоа, се покануваат студенти од Правниот факултет (поединци или и во групи од 3-4 студенти), да пријават излагање на семинарот коешто ќе ја опфати оваа тематика и да го презентираат усно на семинарот. Студентите може да се консултираат со професорите коишто воедно се истражувачи во проектот и кои своевремено ќе земат учество на семинарот. Тоа се: проф. Ана Никодиновска Крстевска, проф. Борка Тушевска Гавриловиќ, проф. Олга Кошевалиска, проф. Билјана Тодорова, проф. Јорданка Галева, проф. Милица Шутова, проф. Елена Максимова и асс. Наташа Донева и асс. Ана Здравева.
Во зависност од интересот за учество ќе се одреди времетраењето на излагањата, но секако тие не треба да бидат подолги од 10 – 15 мин. Сите заинтересирани студенти коишто ќе пријават учество ќе добијат сертификати за учество и ќе бидат поканети да учествуваат со писмено излагање во публикација којашто ќе произлезе од работата на семинарот. Семинарот ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.
Рокот за пријавување на учества е до 1 мај 2022.
За пријава на учество и повеќе информации обратете се кај: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Краток опис на концептот на одржлив развој:
Концептот на одржлив развој опфаќа серија на принципи врз основа на кои се стреми да се постигне развој на човештвото, почитувајќи ги истовремено природните ресурси и различните екосистеми врз база на кои се засноваат разните економии и општества. Со други зборови, одржливиот развој претставува развој и задоволување на потребите на сегашните генерации, без притоа да се компромитираат можностите на идните генерации да ги задоволат нивните потреби. Вака поставен, концептот на одржлив развој се проектира во пресекот помеѓу три множества односно помеѓу животната средина, општествениот или социјалниот развој и опкружување и економскиот пораст. Во 2015 г. Обединетите нации утврдија 17 главни цели за одржлив развој во т.н. Агенда 2030, врз основа на која ООН се стреми до 2030 г. да постигне подобри резултати во постигнување на одржлива иднина за сите. Идејата е да се утврди како се идентификува концептот на одржлив развој во различните полиња на општествено делување и сфери на интерес, кои се принципите што го сочинуваат, како се изразуваат низ правото и низ политиките, во која мерка концептот на одржлив развој е присутен во националното законодавство, како се имплементира и применува во пракса, дали постојат недостатоци во неговата примена, каква е улогата на институциите во обезбедување на негова имплементација, кои инструменти се користат за негова импментација, каква е улогата на другите засегнати страни, дали и кои заштитни мерки се преземаат во случај на непочитување на некои од принципите на одржлив развој, дали и во која мерка националното законодавство е усогласено со европското законодавство во делот на одржлив развој, дали и во која мерка се постигнати целите предвидени во Агенда 2030, дали и во која мерка постои меѓународна соработка повзана со концептот на одржлив развој и сл.