-
Создадено: Петок, 29 Април 2022
На 28 април 2022 на Правниот факултет се одржа десетата Ораторска вечер на УГД.
Осум оратори се претставија со свои оригинални говори: Илија Валаски, Ана Михаиловска, Катерина Тасева, Божидар Доневски, Мартина Јованова, Јован Јанев, Слободанка Ѓорчева и Сара Бојкова.
Настанот го организираше Клубот на оратори "Rostra Vetera" предводен од доцент д-р Елена Максимова, и асистентите м-р Ана Здравева, која и го модерираше целиот настан и м-р Наташа Донева.
Вечерта, со свои поздравни говори, ја отворија проф.д-р Мишко Џидров, проректор за настава на УГД и проф.д-р Олга Кошевалиска, декан на Правниот факултет.
Петочлената комисија составена од проф.д-р Ана Никодиновска Крстевска, проф.д-р Димитар Апасиев, проф.д-р Милица Шутова, проф.д-р Трајче Стојанов и доцент д-р Јорданка Галева имаше особено тешка задача при валоризација на говорите.
Со награда за најдобар оратор во категорија „слободни говори“ се закити Јован Јанев, а со награда за најдобар оратор во категорија „рамноправност и недискриминација“ Ана Михаиловска.
Првонаградените се здобија со парична награда од по 200 евра од Универзитетот и бакарни плакети од Правниот факултет и клубот на оратори.
На сите учесници им беа доделени комлет прирачници за човековите права од Мисијата на Обсе во Скопје.
Им честитаме на победниците, но пред се на сите учесници кои покажаа огромна храброст и ораторски вештини. Им посакуваме многу успеси во иднина.
Во прилог галерија од настанот:
Видео: