-
Создадено: Четврток, 05 Мај 2022
Правен факултет денес пред заинтересираните средношколци и останати млади луѓе го одржа првиот Саем за право. Саемот претставуваше практично претставување на можностите кои ги има Правен факултет и запознавање на средношколците со средината во која ќе поминуваат голем дел од своето време како идни студенти.
Воедно, на Правен факултет беше поставено и импровизирано студио од страна на Одделот за радио и ТВ во рамките на Универзитетот, каде што средношколците можеа да видат дел од опремата со која располага УГД во рамките на студиската програма Медиумски студии.