-
Создадено: Вторник, 10 Мај 2022
Нашите студенти од тимот „A fortiori", предводени од доц. д-р Елена Максимова и м-р Елена Трајковска, викендов учествуваа на Moot Court натпревар „Бранко Маринковиќ“ за познавање на постапката пред ЕСЧП и Европската конвенција за човекови права во Ниш, Р Србија, и го освоија третото место во конкуренција од осум тимови од правни факултети во регионот.
Во пишаниот дел нашите студенти беа второрангирани.
Сертификат за најдобар говорник/оратор на целиот натпревар му беше доделен на нашиот студент Јован Јанев, кој доби признанија и аплаузи од судиите по завршувањето на мечот.
Нашиот тим е во состав: Леона Димова, Леона Вулетиќ, Ева Кирова (како апликанти), Слободанка Ѓорчева, Јован Јанев и Јована Јангелова (во улога на респонденти).
Академски тренери од Правен факултет се доц. д-р Елена Максимова, проф. д-р Дејан Маролов и ас. м-р Наташа Донева.
Честитки за постигнатиот огромен успех на нашите млади студенти.