-
Создадено: Вторник, 12 Декември 2017
Студентите на Правниот факултет, од насоките Правни студии и Новинарство и односи со јавноста, престојуваа во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ и на МРТ.
Од страна на експерти од АВМУ на студентите им беше презентирана медиумската легислатива, со осврт на актуелните предлози за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на релевантните закони, активностите што регулаторот ги презема во поглед на медиумската писменост, третманот на родовите прашања во медиумите, спроведените анализи и истражувања.
Студентите пројавија интерес за повеќе области - мерењето на рејтингот на медиумите, регулацијата на интернет порталите, поттикнувањето на домашната програма и музика на медиумите. Покрај АВМУ, беше остварена посета и на јавниот сервис Македонска телевизија, каде што студентите имаа можност да ги посетат студијата на телевизијата и да се запознаат со дел од функционирањето на јавниот сервис.
Посета на АВМУ и МТВ