-
Создадено: Среда, 11 Мај 2022
На 12 мај 2022 со почеток во 9.30 часот во рамките на Институтот за меѓународни правни студии при Националниот истражувачки совет во Рим, Италија, ќе се одржи семинар на тема Мигранти или бегалци: Дали Европската унија ќе успее да ги заштити правата на сите?
Целта на семинарот е да се дискутира за иднината на европската политика за азил и миграција низ перспектива на нејзина одржливост наспроти досегашните ад хок мерки.
На семинарот ќе земе учество професорката Ана Никодиновска Крстевска од Правниот факултет при Универзтетот „Гоце Делчев“ – Штип. Покрај неа исто така ќе говорат проф. Фабио Марчели (Fabio Marcelli), директор на Институтот за меѓународни правни студии, Џема Андреоне (Gemma Andreone), главен истражувач при Институтот за меѓународни правни студии, Николa Колачино (Nicola Colacino), професор на Универзитетот Николо Кузано, Џонатан Круз Ангелес (Jonathàn Cruz Angeles), професор на Универзитетот на Хаен, Балаш Мајтени (Balazs Majtenyi) од Etovos Lorand University од Унгарија, и Андреа Крешеници (Andrea Crescenzi) од Институтот за меѓународни правнии студии.
Семинарот ќе биде на италијански и на англиски јазик.
Настанот ќе се пренесува во живо преку јутјуб каналот на Институтот за меѓународни правни студии при Националниот истражувачки совет во Рим на следниот линк : https://youtu.be/aVr8Uf89Rfs