-
Создадено: Понеделник, 16 Мај 2022
Почитувани, Центарот за правни истражувања и анализи, во рамки на програмата “Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор”, финансирана од Амбасадата на Кралството Холандија, Ве поканува на промоција на започнувањето на вториот циклус на веб порталот Justice Observers – www.justiceobservers.org.
Порталот претставува платформа каде тим од правни експерти ги разгледува меѓународните и националните практики и работата на националните судови, анализира и коментира одлуки на домашните и странските судови и предложува насоки за зајакнување на воедначеноста на правната аргументација на судовите во Македонија. Платформата justice observers започнува со вториот циклус на анализа преку сеопфатно анализирање на донесените домашни и странски пресуди, со цел акцентирање на добрите практики за нивно применување во иднина, но и детектирање на одредени аномалии во процесот на донесување на конкретни пресуди кои треба да послужат како ориентир за потребно подобрување при правораздавањето. Настанот ќе се одржи онлајн, преку ЗООМ, на 25 мај 2022 година (среда), со почеток во 10.00 часот, преку вклучување на следниот линк: https://us06web.zoom.us/j/86180956459?pwd=SnZTcnI5NUlGYjhCK2FrSXZLalF3Zz09.