-
Создадено: Петок, 20 Мај 2022
Наши студенти, предводени од асистент м-р Ана Здравева, земаа свое учество во повеќе активности, по повод одбележување на денот на Европа – 9 мај, организирано од Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.
На настанот учествуваа следниве студенти: Анастасиа Јакимова зема учество во панел дискусија, Јован Јанев и Ана Михаиловска учествуваа во ораторскиот натпревар, Вероника Младеновска, Андреј Томев, и Слободанка Ѓорчева учествуваа во Квизот на знаење за ЕУ.
Во натпреварот за орторство нашиот студент Јован Јанев освои второ место. Во Квизот на знаење за ЕУ студентот Андреј Томев освои второто место, а Вероника Младеновска освои трето место.
Честитки на нашите студенти за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу успеси.