Студентите од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ направија истражување на тема „Зошто младите се иселуваат“ под менторство на проф. д-р Страшко Стојановски. Денес на Правниот факултет се презентираа резултатите од истражувањето.

„Главната причина за иселување е економската состојба во државата, како и политичката криза. Најомилени земји на младите за иселување им се САД и Германија”, изјави студентката Славица Ивановска од Правниот факултет.

Истражувањето се спровело на репрезентативен примерок на лица од 15 до 35 години. Претходно во рамките на Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет на УГД се спроведуваа исто така слични истражувања во 2014 и 2018 година. Може да се забележат и трендови на период од 4 години.

„Можам да забележам дека во перцепцијата на младите тенденцијата за иселување се намалува, иако се уште голем број од нив сакаат да се иселат”, вели проф. д-р Страшко Стојановски.

На денешниот настан, покрај презентација на истражувањата, се организираше и дебата на тема „Влијанието на масовните медиуми врз младите“.


Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.