-
Создадено: Среда, 25 Мај 2022
Во текот на месец мај беа одржани серија предавања како дел од активностите во рамки на проект на Правниот факултет при УГД подржан од страна на ЕУ, од програмата Еразмус + (Project Reference: 2020-1-MK01-KA107-077523) каде партнерска држава на Универзитетот Гоце Делчев е Руската Федерација и Правниот факултет при државниот Универзитет во Санкт Петерсбург.
На 12 мај за студентите на Правниот факултет online предавања одржа д-р Елена Килинкарова, вонреден професор на Правниот факултет при државниот Универзитет во Санкт Петерсбург, од Катедра за административно и финансово право. Професорката ги предава предметите Даночно право и Финансово право, а во моментот ја извршува и функцијата на Продекан на Правниот факултет. Предавањето се одржа на англиски јазик, на тема “International Corporate Taxation in Russia” и имаа можност да го следат сите заинтересирани студенти од прв и втор циклус на Правниот факултет, со вклучување на МС Тимс.
Како дел од активностите на овој проект и професори од Правниот факултет при УГД Штип одржаа онлајн предавања за студентите на Правниот факултет при државниот Универзитет во Санкт Петерсбург во рамките на предметот Право на социјално осигурување. Предавањата се одржаа на 18ти мај на платформата Мс Тимс, на тема “EU regulation of Health Insurance and Pensions and the experience of North Macedonia”, а како предавачи од Правниот факултет при УГД беа вклучени вонреден професор Марија Амповска од Катедра за граѓанско право и вонреден професор Кристина Мишева од Катедра за Деловно право.