Професори од Правен факултет на УГД учествуваа на завршната конференција од меѓународниот проект „Жан Моне“ – мрежи што се одржа на Универзитетот во Неапол „Ориентале“.

- Проектот „Жан Моне“ беше на тема миграции и азил и го работиме од 2018 г. до денес, заедно со уште девет универзитети во еден конзорциум. Целта беше да ги претставиме досегашните активности во рамките на проектот и да ги поставиме основите и постулатите за нашите размислувања, како треба да се изготват и во која насока треба да се движат политиките за миграција и азил. На конференцијата учествуваа еминентни имиња и одлични познавачи на бегалското право, на политиките за миграции и азил. Правниот факултет беше навистина активен во текот на проектот, учествувавме со подготовка на околу 30 онлајн часови кои ги ставивме на платформата на Универзитетот во Неапол и на Youtube, создадовме и многу врски со невладини организации и други чинители во Македонија. Влеговме и во многу вмрежувања со други универзитети, но и со други проекти „Жан Моне“. Влијанието од проектот е големо, како врз студентите, така и врз професорите и истражувачкиот кадар. Имаме и студенти кои ги вклучивме во многу публикации, а се поврзавме и со други единици од Универзитетот, како што е Ликовната академија – изјави проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска.

Конференцијата се одржа на 19 и 20 мај 2022 г. Универзитетот во Неапол „Ориентале“ беше домаќин на финалната конференција на проектот МАПС „Системи на политики за миграција и азил: патот напред“.

Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Жан Моне“ за вмрежување „Системи на политики за миграции и азил„ (https://www.mapsnetwork.eu/), предводен од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на кој учествува Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, како партнер-институција заедно со други девет универзитети.

Целта на конференцијата беше да се дискутира за различните национални и супранационални режими во делот на миграцијата и азилот, со цел да се утврдат недостатоците, слабостите и да се предложат нови реформи. Освен нив, на конференцијата се говореше и за прашања поврзани со предизвиците поврзани со меѓународната заштита на бегалците, потребата од ревизија на Даблинскиот систем на ЕУ, глобализација и нееднаквоста како извор на миграција, еколошка миграција и други.

Конференцијата е организирана под покровителство на Италијанското здружение за меѓународно и европско право и Меѓународната асоцијација за правото на морето.

Од тимот на истражувачи од Правен факултет - УГД учествуваа проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, проф. д-р Олга Кошевалиска и доц. д-р Елена Максимова.

Најавено е продолжување со учество на слични проекти, за кои се воспоставени контакти и се очекува да се започне со реализација во наредниот период.

Во прилог видеоматеријали од учеството на професорите од Правниот факултет и проректор за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров, на завршната конференција во Неапол.

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.