-
Создадено: Вторник, 12 Декември 2017
Во насока на збогатување на практичното искуство во наставата, на 24 ноември 2017 година на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип на студентите од студиските групи во Струмица предавање им одржа г. Славчо Тимов, заменик-народен правобранител на Република Македонија.
Во рамките на предавањето беа презентирани генералните надлежности со кои располага канцеларијата на народниот правобранител, пред сѐ во насока на заштита на човековите слободи и права. Посебен осврт беше ставен на конкретните активности, презентирани преку конкретни случаи на постапување на подрачјето на Општина Струмица и југоисточниот дел на Република Македонија, каде што работи г. Славчо Тимов.