На 14 јуни 2022 година и 15 јуни 2022 г. во Тирана (Албанија), ќе се одржат три настани во рамките на Жан Моне модулот за соработка помеѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан во делот на правда и внатрешни работи (EUWEB), предводен од Универзитетот во Салерно под раководство на професорката Тереза Русо (Teresa Russo), во кој учестува како партнер институција Правниот факултет при УГД – Штип, предводен од професорката Ана Никодиновска Крстевска.

Првиот настан од 14 јуни ќе се одржи на на Албанскиот универзитет во Тирана, и ќе биде структуриран во форма на работилница на тема „Соработка помеѓу ЕУ и Западен Балкан: размислувања за нови можности за развој“. На работилницата ќе се дискутира за резулатите од ЕУВЕБ проектот, ќе се презентира новото списание EUWEB Legal essays, ќе се разгледуваат можностите за нова интеруниверзитетска меѓународна соработка како ѝ соработка во делот на Еразмус + програмите за мобилност.

Вториот и третиот настан предвидени за 15 јуни, ќе се одржат на Универзитетот ЕПОКА во Тирана, каде во форма на тркалезна маса и подоцна отворен форум ќе бидат дискутирани клучните елементи за развој на ЕУВЕБ опсерваторијата за истражување која беше основана во рамките на Жан Моне проектот ЕУВЕБ.

На настаните ќе земат активно учество професорките Ана Никодиновска Крстевска, Олга Кошевалиска и Елена Максимова, кои се всушност истражувачи и предавачи во рамките на Жан Моне модулот ЕУВЕБ.

Други учесници кои ќе учествуваат се професорката Тереза Русо (Teresa Russo), проф. Гаспаре Далиа (Gaspare Dalia), проф. Ана Ориоло (Anna Oriolo), Стефано Бузило (Stefano Busilo) и Емануеле Ваната (Emanuele Vannata) од Универзитетото во Салерно; Алба Гердечи (Alba Gërdeci, Ниутон Мулети (Niutton Mulleti), Хелиона Мичо (Helliona Miç, Лизен Башкурти (Lisen Bashkurti) од Универзитетот ЕПОКА во Тирана, Ерион Хитај (Erion Hitaj) од Универзитетот „Исмаил Кемали“ од Валона; Газменд Корај (Gazmend Qorraj) од Универзитетот „Хасан Приштина“ во Приштина; Роланд Додани (Roland Dodani) од Универзитетот во Шкодра и други.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.