-
Создадено: Четврток, 14 Јули 2022
Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“– Штип, објавува повик за доставување на трудови за дванаесетиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со Ваш ракопис во овогодинешниот број на Зборникот.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата, и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница вклучувајќи студенти запишани на трет циклус на студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.
Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој повик.
Повикот за доставување на трудови е отворен до 15 октомври 2022 и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
За повеќе информации, обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ ЗА ГОДИШЕН ЗБОРНИК (.pdf)
Со почит,
Правен факултет,
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип