-
Создадено: Среда, 24 Август 2022
Почитувани,
Од утре, 25 август, започнуваат уписите на Правен факултет и на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Рокови за пријавување и запишување:
Согласно Конкурсот за упис на студенти во прв циклус, академска 2022/2023, Правниот факултет нуди три студиски програми со следниве расположливи капацитети и детали:
Студентите имаат можност да студираат во Штип на студиските програми
- Правни студии (четиригодишни студии),
- Медиумски студии и односи со јавноста (тригодишни студии) или
- International law and International Relations (тригодишни студии)
или на дисперзираните студии во Струмица на студиската програма Правни студии
Потребни документи за пријавување:
- Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
- Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, меѓународна матура, без матура)
*Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.
- Извод од матичната книга на родените
- Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
- Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
- Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
Кандидатите можат да ги достават докуметите во оригинален формат секој работен ден од 9 – 13 часот на некоја од наведените локации:
- Штип – Книжара на Факултет за образовни науки
- Струмица – Наставен центар на УГД, студентски прашања
- Скопје - Наставен центар на УГД, студентски прашања
- Кавадарци - Наставен центар на УГД, студентски прашања
- Гевгелија - Наставен центар на УГД, студентски прашања
За повеќе детали пристапете на линкот: https://www.ugd.edu.mk/index.php/studenti/zapisi-se-na-ugd/628-upisi-2022-23
За дополнителни прашања и проблеми при упис, обратете се на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: 072-221-840 и 075-400-197
Ве очекуваме!