Почитувани студенти,

Во тековниот семестар, започнувајќи од 18.10.2022 г., на Правниот факултет – УГД, ќе се одржуваат серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет.

Предавањата ќе бидат насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска унија, половата еднаковст, одржливи политички системи и слично.

Предавањата ќе се одржуваат од професори и асистенти од Правниот факултет, но и од професори, докторанти и истражувачи од Универзитетот Мишколц во Унгарија. Предавањата ќе се одржуваат на хибриден начин, дел ќе бидат со физичко присуство и дел ќе бидат онлајн. Вкупно ќе се одржат околу десетина предавања распоредени во периодот од октомври до декември 2022.

Предавањата се погодни за сите студенти, и посетата на предавањата ќе биде забележана и ќе биде вреднувана со финален сертификат за учество, како и во договор со предметните професори за предметите кои допираат до материјата во одредени сегменти, ќе можат да бидат наградени со соодветни поени за активности од вежби и/или предавања.

Предавањата се дел од проектните активности на проектот на Правниот факултет – УГД, насловен „Концептот на одржлив развој низ правото и политиките“, спроведен во рамките на Центарот за анализа на право и политики при Правниот факултет.

За привајување за предавањата пратете мејл или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Ве очекуваме!

Со почит,

Проф. Ана Никодиновска Крстевска

Проф. Борка Тушевска Гавриловиќ

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.