Правниот факултет на УГД организира серија предавања на тема „Социјално претприемништво“, наменети за средношколците од регионот. На првата работилница учествуваа средношколци од СОУ „Славчо Стојменски“ и Коле Нехтенин“ во Штип, како и од СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

- Нашата замисла е да ги отвориме вратите на факултетот за средношколците да бидат подобро запознаени со тоа што се изучува овде, дека не изучуваме само она што е предметна програма на Правен, туку сме во тек со сите актуелни збиднувања и случувања кои можат да им бидат од интерес. Оваа прва работилница е поврзана со социјалното претприемништво, а наредната недела работилницата со средношколците ќе биде на тема „Слободата на говор и говорот на омраза“, каде е тенка линијата. Оваа тема е исто така актуелна и интересна, да знаат учениците со кои акти можат да ги повредат чувствата на своите сокласници, другари, да ги разликуваат институтите на говор на омраза – изјави деканката на Правен факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.

- Постои една синтагма која вели: „Дај ми риба“, а друга вели: „Научи ме да ловам риба“. Нашиот систем на социјална заштита во континуитет уште од комунистичката ера е димензиониран да ги научи луѓето да добиваат риба, односно да добиваат социјална помош директно од државата. Системот, концептот на социјално претприемништво ги учи социјално ранливите групи на кои е фокусиран сами преку инволвирање на пазарот на трудот, врз основа на принципите на пазарната економија да формираат успешни компании и преку нив да излезат од рамките на таа социјална ранливост односно да се интегрираат и социјализираат во општеството. Ние денес работиме со млади луѓе, средношколци и студенти од прва година, кои ќе бидат обучувани на оваа тема. Работилницата е на тема „Социјално претприемништво“, затоа што сметаме дека идејата за претприемништво, односно основните принципи за функционирање на вакви претпријатија и идејата дека можеме да изградиме функционално пазарно општество треба да се всади уште од најрана возраст. Тука секако се средношколците како група која доволно критички размислува и доволно се млади за да можат кај нив да бидат поставени фундаментите на ваквото социјално претприемништво – изјави проф. д-р Страшко Стојановски.

Во реализирањето на работилницата активно е вклучена и Сања Манчева, поранешна студентка на Правен факултет и претседател на Здружението „Кокреатор“. Таа е одличен пример за успешна соработка на Правниот факултет со студентите кои излегле од неговите амфитеатри.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.