-
Создадено: Петок, 04 Ноември 2022
Претставници од ССНМ одржаа работилница со студенти од Правниот Факултет при УГД на тема „Работилница за работнички права на новинари и медиумски работници.
За вовед обраќање имаше Дарко Дуридански, проектен координатор ССНМ, а за тековните обврски и случувања во рамки на работата на ССНМ говореше Перо Момировски.
На предавањето новинарот Игор Стојанов заедно со Теодора Цветковска, членка на ИО, на студентите им беше објаснето зошто во фелата ни е потребен синдикат кој се грижи за работничките права на новинарите.
„Освен со колективните договори синдикатот има можности и пред сé моќ и со различни други активности, методи, кампањи да се бори за заштита на материјалните, работните, социјалните и статусните права на своите членови. Преку демонстрации, штрајкови, организиран притисок може да се принудат сопствениците да ги почитуваат своите обврски и со достоинство да се однесуваат кон правата на вработените според постојните законски одредби. Синдикатот може и треба да бара да се изменат неповолните одредби на законите кои се однесуваат на синдикалните членови и бескомпромисно и со сите средства да ги брани нивните законски права доколку некој не ги почитува“ – објасни Стојанов пред студентите.
Преку вежби и интеракција студентите беа запознаени и со Законот за работни односи, на што треба да внимаваат младите пред да се вработат, кои им се правата и како да се заштитат.
Преземено од: