-
Создадено: Петок, 11 Ноември 2022
10.11.2022
Денес на Правниот Факултет се одржа работилница на тема "Дискриминација во областа на трудот и работните односи – правна рамка и предизвици при имплементација на прописите во рамките на проектот Strengthening the rule of law and human rights in North Macedonia", поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Настанот беше во ко-организација помеѓу Правните Факултети при Универзитетите Гоце Делчев, Универзитетот Св.Кирил и Методиј и Универзитетот на Југоисточна Европа. Студентите од овие три Правни факултети имаа можност да ги слушнат излагањата од врвни експерти во областа на антидискриминациското право во работните односи:
- проф. д-р Жанета Попоска, национална офицерка за владеење на правото во Мисиката на ОБСЕ (која го продлабочи познавањето на студентите со концептот на дискриминација во работните односи);
- проф .д-р Билјана Тодорова од УГД (која ги запозна студентите со Појавните облици на родово базирана дискриминација во работните односи);
- проф. д-р Лазар Јовески (со излагање за Начелото на еднаквост во работните односи: од парадигма до реалност); и
- проф.д-р Фјола Капроли Исмаили (која имаше презентација за Мирно решавање на спорови во врска со дискриминација во областа на трудот и работните односи).
На настанот се разви и дискусија со студентите за многу прашања кои се особено интересни во контекст на случувањата во трудовото право. Настанот го отовори и го модерираше проф.д-р Олга Кошевалиска, Декан на Правниот Факултет при УГД.
Галерија во прилог.