-
Создадено: Понеделник, 14 Ноември 2022
Почитувани,
Во текот на оваа недела, во рамките на циклусот на предавања по одржлив развој ќе се одржат две предавања од странски предавачи.
На 17.11.2022 (четврток) со почеток во 17.00 часот преку платформата MS Teams ќе се одржи петтото предавање од циклусот на предавања по одржлив развој во правото и политиките.
Говорник ќе биде фулбрајт професор од Соединетите Американски Држави, проф. Џејмс Лофтон (James Lofton) на тема "Одржливо живеење во мали земји: споредувајќи ги примерите на Уругвај и на Северна Македонија (Sustainable living in small countries: comparing examples of Uruguay and North Macedonia).
Предавањето може да го следите на следниот линк :
Click here to join the meeting
Meeting ID: 347 147 139 578
Passcode: 8iPjbS
FIFTH LESSON - 17.11.2022 (.pdf)
Шестото предавање ќе се одржи на 18.11.2022 (петок) со почеток во 10.00 часот преку платформата MS Teams ќе го спроведат говорници од Универзитетот во Мишколц (Унгарија), и тоа: Nóra Jakab, Melinda Kocsus, Laura Berényi, Mária Garami и Mária Tunyi.
Колешките од Универзитетот во Мишколц ќе говорат за „Одржливо вработување“ (Sustainable Development).
Предавањето може да се следи на следниот линк:
Click here to join the meeting
Meeting ID: 347 853 137 62
Passcode: gpBBJh
SIXTH LESSON - 18.11.2022 (.pdf)
Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките, се состои од серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет. Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска унија, половата еднаковст, одржливи политички системи и слично.
Се гледаме на предавањата!