Почитувани,

Во рамките на циклусот на предавања по одржлив развој ќе се одржат седмото и осмото предавање на Правен факултет, УГД.

СЕДМО ПРЕДАВАЊЕ: 22.11.2022 (вторник) почеток 14.00, Судница

 На 22.11.2022 (вторник) со почеток во 14.00 часот со физичко присуство но и преку платформата MS Teams за оние што нема да можат да дојдат, ќе се одржи седмото  предавање од циклусот на предавања по одржлив развој во правото и политиките. Предавањето ќе биде во Судницата на Правен факултет.

Говорник ќе биде професорката Билјана Тодорова од Правниот факултет, која ќе говоори на тема "Создавање и развој на принципот на одржлив развој“. 

За оние кои нема да можат да присуствуваат со физичко присуство, предавањето може да го следите на следниот линк :

Click here to join the meeting

Meeting ID: 337 696 064 525
Passcode: AFs4eo

Флаер (.pdf)

ОСМО ПРЕДАВАЊЕ: 25.11.2022 (петок) почеток 10.00, Судница]

На осмото предавање гости ќе бидат професорката Елена Максимова и асистентката Ана Здравева од Правниот факултет при УГД – Штип. Предавањето ќе се одржи со физичко присуство на 25.11.2022 г. со почеток во 10.00 часот во Судницата на Правен факултет.

Нашите предавачи ќе говорат за “Спречување на насилство врз жените и девојките во насока на постигнување на родова еднаквост“ – доц. д-р Елена Максимова, и „ Еднаков пристап до правда во сите сегменти на општественото живеење“ – асс. м-р Ана Здравева.

За оние кои нема да можат да го следат со физичко присуство, може да се приклучат на следниот линк:

Click here to join the meeting

Meeting ID: 340 543 225 892
Passcode: 75wYmq

Флаер (.pdf)

Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките, се состои од серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет. Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска унија, половата еднаковст, одржливи политички системи и слично.

Се гледаме на предавањата! 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.