Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, денеска пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ одржа предавање за борба против корупцијата.

„Корупцијата го поткопува системот. И тоа ве остава со ограничен избор. Да ја напуштите државата во потрага по подобри можности или да останете овде и да го подобрите системот. Многумина заминаа, но вие останавте овде и затоа сметам дека треба да ви зборувам вам, затоа што вие имате исклучително важна улога во сето ова“, им се обрати амбасадорот Бејли на студентите.

Во своето предавање амбасадорот истакна дека корупцијата се сведува на индивидуален избор, затоа што за да се случи корупција се потребни двајца. И затоа е многу важно да се биде свесен колку е штетна корупцијата за целото општество. Амбасадорот ги увери студентите дека е можно да се промени сето ова.  

„Многу е важно да знаете дека ситуацијата може да се промени. Може да се повикуваат луѓето на одговорност и никој не ужива неказнивост и дека има последици за сите акции. Тоа бара политичка волја, силни институции и најважно од сѐ активно граѓанско учество“, истакна амбасадорот Бејли.  

Студентите имаа низа прашања кои се однесуваа на тоа како Македонија да се справи со проблемот на корупцијата и како САД можат да помогнат во тој процес. Претходно амбасадорот на САД имаше средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, при што беше повторена добрата соработка која УГД ја има со Амбасадата на САД во РМ. Предавањето се одржа во свечената сала на Правниот факултет при УГД.

 

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.