Правен факултет на УГД уште еднаш беше домаќин на проекција на документарен филм за миграциите, во рамки на Глобалниот филмски фестивал.   

 - Заедно со Меѓународната организација за миграции имаме проекција на филмот „Dying for Europe“. Целта на овој настан е да ја подигнеме свеста кај студентите за макотрпниот пат на бегалците, на барателите на азил и на мигрантите, и да се стекнат со нови знаења и преку дискусија да го видиме нивниот пулс во врска со оваа навистина сензитивна тема. Ова е втора проекција на филм на оваа тема, во јуни имавме проекција на филм за миграциите. И тогаш кај студентите имаше голем интерес за темата, тие можеа да видат како всушност реално изгледаат ситуациите во кои се наоѓаат мигрантите – изјави деканката на Правен факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска.Вања Лазаридис од Меѓународната организација за миграции истакна дека оваа проекција е во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на миграции - 18 декември.

- Во рамките на Глобалниот филмски фестивал го организираме петта година по ред, чест ни е да бидеме повторно гости на УГД и да соработуваме со прекрасната група на студенти кои инспирираат одлична дискусија по секоја проекција. На глобално ниво бележиме напредок во поглед на мигрантите, иако бројките не стивнуваат, не можеме да кажеме дека ги гледаме оние текови од 2015 и 2016 година. Но, ние, како и другите организации на Обединетите нации работиме проактивно на подигањето на јавната свест за миграцијата и генерално за видовите на миграција – истакна Вања Лазаридис.

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.