-
Создадено: Вторник, 20 Декември 2022
На 23.12.2022 (петок) со почеток во 11.00 часот преку MS Teams платформата ќе се одржи последното предавање од циклусот предавања по одржлив развој коишто ги организира Правниот факултет, во рамките на проектот „Концептот на одржлив развој низ призмата на правото и политиките“.
Говорник на предавњето ќе биде Елена Трајковска, магистер по европско право на Правен факултет, УГД – Штип, која ќе говори на тема Обезбедување на здрав живот преку профилирање на македонското здравство како посакуван исход низ призмата на eвропската унија.
Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките, се состои од серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет. Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска унија, половата еднаковст, одржливи политички системи и слично.
На следниот линк може да го следите предавањето:
Click here to join the meeting
Meeting ID: 327 586 250 507
Passcode: zVe36k
Ве очекуваме!