Почитувани,   

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, спроведува сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини.

Курсевите за практични правни вештини се наменети за студенти по право и млади дипломирани правници, со цел да ги зголеми нивните знаењата и вештините на следните теми:   

  • правно пишување;  
  • правно говорење;   
  • интервјуирање и советување;  
  • вештини за судење;  
  • правно расудување и аргументирање и   
  • правно истражување и етички аспекти на правната професија.  

Курсевите ќе бидат еднодневни и ќе се спроведуваат онлајн преку платформата Zoom.  

Првата предвидена обука од курсот на тема правно пишување ќе се одржи на 23.3.2023 година (четврток) со почеток од 14 часот, на платформата Zoom.  

Останатите две предвидени обуки на теми Правно говорење и Интервјуирање и советување ќе се спроведат во следнава временска рамка.  

 

Индикативна временска рамка за курсевите за  практични правни вештини   

1.        Правно говорење  

   мај 2023 година  

2.       Интервјуирање и советување   

   октомври 2023 година  

 

Заинтересираните студенти можат да се пријават за учество на обуката на тема правно пишување, со цел јакнење на нивните капацитети и стекнување на дополнителни вештини и знаења.  

Пријавувањето на учесниците е со пополнување на формуларот (во прилог) на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.најдоцна до 20.3.2023 година.  

На учесниците кои ќе се пријават да учествуваат на обуката на тема Правно пишување ќе им биде испратен линк за вклучување и следење на истата, како и целосна агенда за настанот.  

Формулар за пријавување(.docx)

Технички секретар

Маргарета Алчинова
Тел: +389 32 550 450
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр.10-А
Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Љубица Медарска Апостолова
Тел: +389 32 550 585
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Христина Груеска

Тел: +389 32 550 480

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Струмица - Аница Удовалиева

Тел: +389 32 550 250

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје - Цветанка Матракоска

Тел: +389 32 550 129

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.