-
Создадено: Среда, 20 Декември 2017
Правниот факултет во Штип одбележа пет години од основањето на „Balkan Social Science Review“ и издавање на десеттиот број на списанието.
Станува збор за меѓународно научно списание на Правниот факултет во кое се објавуваат научни трудови од областа на право, политика, општество, медиуми, комуникации и економија.
Списанието е дел од УГД журнали и се објавува двапати годишно, во јуни и во декември, а исто така има и свое печатено издание.
Списанието е достапно на следниов линк: http://js.ugd.edu.mk/index.php/BSSR/index.