-
Создадено: Понеделник, 25 Декември 2017
Студентите од насоката Новинарство и односи со јавноста од Катедрата за новинарство на Правниот факултет при УГД го подготвија најновиот број на весникот „Студентско ехо“.
Ова списание излегува три пати во текот на една студиска година, а во 18. број се поместени содржини кои опфаќаат дел од активностите и настаните кои се случуваат на УГД, но и теми кои од поинаков аспект се интересни за студентите и за младите. Така, студентите по новинарство известуваат за предавањето за борбата против корупција кое го одржа амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, како и за Симпозиумот за традиционална кинеска медицина. Од останатите теми, се издвојуваат оние за пасивноста кај студентите како бумеранг за образовните реформи, улогата на граѓанското општество во демократизацијата на македонското општество и библиотеки без книги.