-
Создадено: Петок, 16 Јуни 2023
Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип објавува повик за доставување на трудови за тринаесеттиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел ве покануваме и ве охрабруваме да придонесете со ваш ракопис во овогодинешниот број на Зборникот.
Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница вклучувајќи и студенти запишани на трет циклус на студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и руски јазик.
Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој повик.
Повикот за доставување на трудови е отворен до 15 октомври 2023 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
За повеќе информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ ЗА ГОДИШЕН ЗБОРНИК (.pdf)
Со почит,
Правен факултет,
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип