-
Создадено: Понеделник, 25 Септември 2023
Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, ќе спроведе сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви за практични правни вештини. Досега се одржани два курса – во март и во мај, а следниот ќе биде на 16.10.2023 г., во 14 часот, на платформата ZOOM.
Курсевите за практични правни вештини се наменети за студенти по право и млади дипломирани правници, со цел да ги зголеми нивните знаењата и вештините на следните теми:
- правно пишување;
- правно говорење;
- интервјуирање и советување;
- вештини за судење;
- правно расудување и аргументирање и
- правно истражување и етички аспекти на правната професија.
Курсевите се еднодневни и се спроведуваат онлајн преку платформата Zoom.
Пријавувањето на учесниците за учество на обуката на тема интервјуирање и советување со цел јакнење на капацитетите и стекнување на дополнителни вештини и знаења е со пополнување на формуларот (во прилог) на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 15.10.2023 година.
Формуларот за пријавување може да се најде на следниов линк: