-
Создадено: Среда, 04 Октомври 2023
Почитувани студенти,
Во тековниот семестар, започнувајќи од 3.10.2023 г., на Универзитетот во Мишколц, Унгарија, а во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ќе се одржуваат серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет.
Предавањата насловени „Одржливост и право“ ќе бидат насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска Унија, половата еднаквост, одржливи политички системи и слично.
Предавањата ќе се одржуваат од професори и асистенти од Универзитетот во Мишколц и од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, при што од Правниот факултет ќе се вклучат проф. д-р Билјана Тодорова, проф. д-р Борка Тушевска-Гавриловиќ, проф. д-р Олга Кошевалиска, проф. д-р Елена Максимова, проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, проф. д-р Милица Шутова и проф. д-р Јорданка Галева. За студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип предавањата ќе се одржуваат онлајн, преку Google classroom. Вкупно ќе се одржат седум предавања распоредени во периодот од октомври до декември 2023 г., од 16.00 до 18.00 часот.
Предавањата се погодни за сите студенти и посетата на предавањата ќе биде забележана и ќе биде вреднувана со финален сертификат за учество, како и во договор со предметните професори за предметите кои допираат до материјата во одредени сегменти ќе можат да бидат наградени со соодветни поени за активности од вежби и/или предавања.
Предавањата се продолжение на проектните активности на проектот на Правниот факултет при УГД и Универзитетот во Мишколц, којшто е насловен „Концептот на одржлив развој низ правото и политиките“, што беше спроведен во периодот 2021-2023 година.
За приклучување https://classroom.google.com/c/NjI2MTgxODg1Mzgz?cjc=j5s6vpa.
За дополнителни информации може да се обратите кај ana.nikodinovska@ugd.edu.mk
Ве очекуваме!
Со почит,
проф. д-р Ана Никодиновска-Крстевска