-
Создадено: Понеделник, 16 Октомври 2023
На 17.10.2023 г. (вторник) со почеток во 16.00 часот преку Google Classrom платформата ќе се одржи предавање од циклусот предавања „Одржливост и право“, што го организира Универзитетот во Мишколц во соработка со Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Говорници на предавањето ќе бидат д-р Борка Тушевска-Гавриловиќ и д-р Јорданка Галева, професорки на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Темите на предавањата ќе бидат „Одржлив развој во конкурентското право“ и „Одржливост на малцинските права во македонскиот случај“.
Циклусот на предавања за одржлив развој во правото и политиките се состои од серија на предавања за одржлив развој низ призмата на правно-политичките дисциплини, коишто се блиски и ги надополнуваат тематските целини од различните предмети на редовните студии на Правниот факултет.
Предавањата се насочени кон продлабочување на теми поврзани со екологијата, трговското право, кривичното право, трудовото право, грaѓанското право, правото на Европска Унија, половата еднаквост, одржливи политички системи и слично.